Во земјава денес времето ќе биде претежно сончево и ветровито со засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Утринската температура ќе се движи помеѓу 8 и 18, а дневната ќе достигне од 20 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 6.
И во Скопје и околината слично време, сончево со засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне до 28 степени. УВ индексот ќе биде 6.