Почина професорот Томе Груевски

Професорот Томе Груевски, кој зад себе остави бројни генерации новинари, по кусо и тешко боледување синоќа почина во Скопје во 70-та година од животот.
Роден е во Смилево, Битолско, (1949), беше новинар и универзитетски професор по комуникологија, новинарство и односи со јавноста, прв доктор по комуникологија во Република Македонија и основоположник на студиите по односи со јавноста во земјава.
Томе Груевски дипломирал на Филолошкиот факултет (1972); магистрирал на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (1989) и докторирал на Правниот факултет (1995) во Скопје. Уште од средношколските години се оддал на новинарство, во времето на студиите бил соработник, уредник и главен уредник на в. “Студентски збор“, а подоцна и директор на НИП “Студентски збор”.
Покрај тоа, бил и главен уредник на списанието за општествена теорија и критика “Дијалог“. Бил соработник на емисиите “Бранови на младоста“ и “Студентски паралели“ на Радио Скопје а потоа бил и соработник на Третата програма на Македонското радио. Професор на Студиите по новинарство, медиуми и комуникации и односи со јавноста на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје и професор на постдипломските студии на Групата за комуникации при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.
Професорот Груевски членуваше во професионални и невладини организации и асоцијации. Меѓу останатите, добитник е на наградите “Бранови на младоста“ на Радио Скопје, “Новинарско перо“, награда на ЗНМ, награда “4 Ноември“ на град Битола…

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.