Облечете се убаво ако излегувате од дома, надвор е студено

Времето во Република Македонија ќе биде претежно сончево и свежо со ниски утрински температури и со слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до девет, а дневната од 18 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени


За време на викендов времето ќе биде стабилно, до понеделник со ниски утрински температури. Во понеделник попладне и во вторник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.