Нападнатото момче во скопски Карпош се бори за живот

Момчето кое вчера попладне беше нападнато во скопски Карпош имало 19 години. “Слободен печат“ јавува дека се работи за 19-годишниот Ф.В. кој брутално бил нападнат.
– Околу 17.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата “Шекспирова“ во Скопје, Ф.В. бил физички нападнат од страна на едно лице со тврд предмет. Ф.В. е пренесен во Ургентиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид направи екипа од СВР Скопје, велат од МВР за порталот.
Инцидентот се случил во близина на Машинскиот факултетот во Скопје, во близина на основното училиште “Вера Циривири Трена“ во општина Карпош.
– Пациентот е во тешка здравствена состојба со сериозни повреди на глава и е однесен во Ургентниот центар, велат од Брзата помош за “Слободен печат“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.