Јапонска авиокомпанија смислила начин како да ги избегнете расплаканите бебиња во авион

Луѓето се многу чувствителни на звук, особено непријатниот, а еден од најомразените звуци е бебешкиот плач. Вистинскиот проблем настанува кога не постои можност детето да се смири, а на оние на кои тоа им смета, немаат каде да “побегнат”.
Но, една јапонска авиокомпанија осмислила начин на кој луѓето ќе можат да ги избегнат децата за да се осигураат дека нема да ги боли глава во текот на летот.
“Патниците кои патуваат со деца на возраст од 8 дена до две години ќе имаат симбол на бебе на седиштето кое тие го резервирале”, објавила компанијата која го вовела ова правило за патниците да можат да си изберат “седишта по своја мерка”.


“Бејби мапата” ќе биде достапна само за оние кои ќе направат резервација преку “Japan Airlines”, а ваквата одлука наишла и на одобрувања и на осуди.
Сепак, компанијата се труди да ги задоволи сите свои патници, па така на едните им помага да “избегаат” од бебињата, а на другите им овозможува изнајмување на количка на аеродромот, а количката на патникот не ја наплатуваат.
Лицата со деца имаат првенство на качување и овозможена им е топла вода, пелени и останати неопходни работи за бебиња, пишува “CNN Travel”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.