Дрвјата веќе пожолтеа, а времето нѐ принудува да ги извадиме скриените џемпери и топлите обувки. Есен е. Донесете ја есента и во вашиот дом со овие евтини идеи за декорации.
Евтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот дом
Наполнете ја вазната со хортензии
Хортензијата е летен цвет, но овие денови тој изобилува со есенски бои. Затоа, лесно може да се вклопи во кој било простор. Интересно кај овој цвет е тоа што изгледа убаво дури и кога е сув.
Евтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот дом
Послужавник со тикви
Деновиве може да најдете тикви во различни бои и големини. Од нив може да се направат многу декорации, а наједноставната е групирањето на повеќе тикви со различни големини на еден послужавник. Тоа може да биде декорација за трпезариската маса.
Евтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот дом
Стаклена вазна со костени
Следниот пат кога ќе шетате во паркот соберете диви костени кои потоа може да ги искористите како есенска декорација. Едноставно ставете ги во стаклена вазна или во некој поширок сад. Во садот потоа може да ставите и свеќи кои ќе ја направат декорацијата уште поуникатна.
Евтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот дом
Венец од шипки
На вашата влезна врата ѝ недостасува декорација? Соберете шипки и направете венец користејќи жица. Едноставно, свиткајте ја жицата во круг и гранките закачете ги на неа за да направите венец.
Евтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот дом
Ерика во сите бои
Појавувањето на билката ерика на пазарите е еден од првите знаци дека есента пристигнала. Таа се наоѓа во бела, розова, виолетова и црвена боја и затоа одговара на секој ентериер. Групирајте повеќе видови за да добиете прекрасен цветен аранжман.