Една Британка, сопственичка на Самсунг „S10“, се пожалила дека нејзиниот маж може да го отклучи нејзиниот телефон со неговиот отпечаток од прст.
Тоа било овозможено преку поставување на „евтина заштита“ на екранот од уредот, по што секој палев може да го отклучи Галакси „S10“.
Откако се проширила оваа приказна, јужнокорејскиот технолошки гигант го признал пропустот кој овозможува било кој да го отклучи овој телефон од премиум сегментот.
Кога овој модел е претставен во март, Самсунг неговиот ултразвучен читач за отпечатоци од прсти го претстави како револуционерно решение.
Скенерот праќа ултразвучен сигнал кој детектира тродимензионални контури од отпечатокот на корисникот и потоа го отклучува уредот.
Самсунг најави софтверско решение на овој проблем.