Во авион на јапонската влада со кој премиерот на земјата, Шинзо Абе, отпатувал во Тајланд, избил помал пожар кој брзо бил изгаснат, соопштиле тамошните медиуми.
Пожарот избувнал околу 15 часот по локално време во задниот дел на „Боингот 777-300ЕР“ додека членовите на екипажот подготвувале оброци за време на летот и веднаш го изгаснале, пренесува агенцијата “Кјодо“. Како што е наведено, никој не бил повреден и не бил променет планот на летот.
Инаку, овој авион во април годинава го заменил „Боингот 747“ кој до тогаш го користела Владата на Јапонија.