Мал трик за долга и среќна врска

Сексуалниот однос е доста интимен момент кој ги зближува партнерите и ја прави врската целосна. Меѓутоа постои уште еден фактор, кој според најновите истражувања гарантира долга и квалитетна врска.
Докажано е дека жените по сексуалниот однос сакаат да се галат, додека кај мажите значително паѓа енергијата и единствено за што размислуваат е добар сон. Но, токму времето што го поминувате заедно во постелата по сексот е од голема важност за здрава и квалитетна врска, појаснуваат експертите.


Истражувањето што го спроведе американската агенција за проучување на односите кај луѓето и односите помеѓу мажите и жените потврди дека бакнежите, прегратките и разговорот помеѓу партнерите веднаш по сексот е фактор што партнерите никогаш не би смееле да го занемарат.
За време на сексуалниот однос телото лачи окситоцин, хормон за задоволство кој останува покачен и по сексот. Физичките контакти во тој период може да будат страст помеѓу партнерите и на тој начин да го продлабочат и да зајакнат односот. Тоа е доста важно, посебно поради динамичниот начин на живот и секојдневниот стрес поради што голем број двојки ја занемаруваат интимата и на тој начин го расипуваат односот и воопшто врската.
Само десетина минути галење по сексот го симнува крвниот притисок, ослободува од стрес, го намалува чувството на болка, но ги буди и страстите.

Повеќе текстови на оваа и слични теми

прочитајте на ПУЛС24 тука!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.