Швајцарските чоколади отсега посјајни и шарени

Швајцарските научници пронајдоа начин како чоколадото да изгледа шарено, и тоа без додавање посебни состојки.
Истражувачи од Федералниот технолошки институт на Швајцарија открија метод за втиснување посебни структури на површината на чоколадото што би го направило посветкаво и „да сјае како виножито”.


-На тој начин, производот ја менува бојата како камелеон, се вели во соопштението.
„Чоколадото виножито“ е подготвено за индустриско производство, а преговорите со големите производители на слатки се во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.