Во Единбург, Шкотска постои хостел, градба чиј најстар дел потекнува од 1693 година, а порано служел како судница, полициска станица и затвор во кој денес луѓето плаќаат за да преноќат.
Со оглед на тоа што зградата веќе била поделена некој се досетил да ги претвори затворските ќелии во простории за спиење и од тоа направил хостел.
Хостелот „The Court“ се наоѓа во Единбург, Шкотска и отворен е во август 2019 година. Оттогаш е преполн со луѓе кои ете сакаат и плаќаат за да преспијат во некогашниот затвор. Ако преспивате во соба со повеќе кревети треба да одвоите 10 евра, а во самица околу 50 евра.
Хостелот се наоѓа во центарот на градот и ако сакате да резервирате направете го тоа навреме, бидејќи има многу заинтересирани, пишува Business Insider.