Вистинската мајка никогаш не би го направила ОВА за своето дете: Поради своето и поради нивното здравје!

Проверете добро кои се тие работи – бидејќи во некои од нив сигурно ќе се пронајдеме, бидејќи сите сакаме да направиме се најдобро за нашите деца. “Тоа не е ни љубовта ни грижата, тоа е вашата сопствена недоследност со која на децата им праќате погрешна порака“ – предупредува една мајка која по долго истражување го направила овој список. И се придржува до него исклучително за доброто на своите деца, а и за свое добро. Бидејќи, како што вели таа, на нас родителите лежи тешка задача, да направиме се најдобро во интерес на своите деца, а тоа често изискува цврста рака и одлучно “не“. Нешто што на многу родители не им оди од рака бидејќи секогаш и постојано сакаат она “повеќе“ за своите деца.
На нас родителите е додека се уште мали да ги поставиме на добри нозе, не сега да имаат се што сакаат туку еден ден да бидат способни сами да се грижат за исполнување на своите соништа. Затоа работата на родителите не треба и не смее да биде исполнување на нивните желби, иако тоа можеби звучи грубо, тоа е реалност која сепак мора да ја знаеме.
Да готвите две јадења бидејќи детето не сака да јаде
Нема ни да ги засака ако не проба.
2. Да му попуштате бидејќи плаче.
Многу често децата намерно цимолат и плачат само за да добијат нешто. Ако им го дадете тоа еднаш, следниот пат ќе цимолат уште погласно – бидејќи сега точно знаат дека тој трик пали.
3. Да решавате задачи наместо нив.
Може би било побрзо родителите да ги решат задачите, но каде е тука трудот? Каде е тука нивното знаење и нивната способност? Домашната задача е смислена децата дома да ја решаваат сами. Тоа е дел од нивното школување.
4. Да ги замените скршените играчки со нови
Додека биле добри, траеле. Како ќе научат да ги ценат работите ако постојано им купувате нови?
5. Да им купувате се што имаат другите
На расплаканите деца кои сакаат да имаат се ново и исто како нивните пријатели единствена лекција која можете да им ја дадете е оваа: Ја не сум мајка на твоите пријатели. Оваа реченица можеби и вас ве нервирала но е премногу вистинита за да ја држите. Еден ден кога ќе почнат самите да заработуваат ќе сфатат дека не можат да имаат се што ќе посакаат а дотогаш ќе заштедите многу нерви.
6. Нема да им дозволам да трошат толку време прд екраните.
Децата земаат колку што ќе им дадете и малку повеќе. Тоа е познато детско правило па затоа и како родител мора да знаете да дозирате. Посебно кога станува збор за времето кое ќе го трошат на глупи игри на своите мобилни телефони.
7. Нема да правам истрага за се што изгубиле
Децата губат работи – нон-стоп, но детето ќе биде во состојба да ја пронајде истата работа само тогаш кога ќе сфати дека нема д аго направите тоа наместо нив.
8. Да ја чистите нивната соба и нивниот лом
Јас сум мајка, не чистачка, мојата улога е да ги научам како да си ја средуваат собата, не јас да им ја средувам постојано.
9. Нема да ги возам на училиште
Освен ако многу доцнат, по моја вина. За с едруго, имаат нозе и нека учат самостојно да си ги извршуваат обврските.
10. Нема да им купувам брендирана облека
Децата би требало безгрижно да си играат и да се валкаат надвор, а не да внимаваат на својата скапа облека. А мајките би требало да работата за да ги прехранат децата, не само да ги облечуваат.
11. Да ги водам нивните битки
Децата едноставно мора да се научат да се изборат за себе, сами да го почувствуваат тоа чувство кога се борат за себе. Родителот треба да биде тука за нив како поддршка, но не и како адвокат. Децата мора да се научат да се борат сами за себе бидејќи тоа е способност која ќе им биде потребна кога мама и тато нема да бидат постојано тука за нив.
12. Да им го носам тоа што го заборавиле.
Децата добро знаат дека во друштво на своите родители не мораат баш толку да мислат со своја глава. Инаку тоа се нарекува одговорност која нема да ја стекнат доколку вие мислите за нив. Пуштете ги нека заборават, па следниот пат ќе размислуваат за своите работи.
13. Да ги водите за рака дури и на интервју за работа
Нивна работа, нивен проект, нивно училиште, нивно растење. И сето тоа мора да го поминат со наша помош но не и со нашата рака.
14. Да им давате онолку пари колку што им се потребни
Мама и тато не се банкомати, а нивните деца не се единствен “трошок“. Научете се да кажете не со што би научиле да ги ценат парите.
15. Да им купите автомобил штом ќе положат
Знаете, богаташите грешат, дури и повеќе од просечните родители бидејќи мислат дека со парите можат да купат се што им треба на децата. Положиле на 18? Браво за нив. Им треба нова кола? Па и не баш.
16. Да ги пуштите за празниците сами иако ви се чини дека се премлади за тоа
Ако ви се чини дека се премлади слободно кажете им дека ќе одат на летување сами з анекоја година. Што велат тие- тоа не е фер бидејќи како можат моите пријатели?! – одговорот ви лежи под број 5.
17. Нема спиење кај пријателите преку неделата
Седмицата е резервирана за училиште,учење и одмор, а викендот за вакви дружења.
18. Тинејџерската љубов нема потреба да спие кај нас
Во тие години сите знаеме како хормоните побрзо им работат и нема потреба да им ставаме додатни искушенија под наш покрив.
19. Пиење алкохол
Додека се млади а и кога ќе пораснат нема да им дозволат да се навикнуваат на ваков порок кој подоцна може да стане многу погубен.
20. Излегување до сабајле – никако
Иако децата излегуваат уште од мали, а излегуваат се покасно, без надзор, цела ноќ – тоа навистина не е добра лекција, може сакате да бидете кул мама, но на децата не им е потребна кул мајка, туку цврста рака. Тоа е најважноо за нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.