Забрането пушење и во автомобилите!

Пушачите во Англија наскоро нема да можат да запалат цигара во своите автомобили, ако во нив се наоѓа личност помлада од 18 години.Законот најверојатно ќе биде усвоен во декември, а на сила ќе стапи во октомври 2015 година и ќе се однесува на сите возрасни патници во автомобилите, пишува „Дејли Мејл“.
Казната поради пушење во автомобилите ќе изнесува околу 1000 евра за несовесните патници, ако случајот заврши на суд.
Од друга страна, несовесните возачи кои ќе бидат „фатени“ со запалена цигара, можат да бидат казнети со дури 13 000 евра, ако ја изгубат парницата со полицијата. Меѓутоа, ако прекршителите го признаат кршењето на законот, ќе платат казна од околу 70 евра.
Инаку, законот го подржале околу 80% од испитаните возрасни личности и околу 65% од пушачите.Законот најверојатно ќе биде усвоен во декември, а на сила ќе стапи во октомври 2015 година и ќе се однесува на сите возрасни патници во автомобили

Пронајдете не на следниве мрежи: