Не дека и отпорано не покажала што има таму долу во пределот на меѓуножјето, ама сепак, Јелена Карлеуша на доделувањето на регионалните музички МАЦ награди што се одржа неодамна во „Штарк Арената“ во Белград, претера!
Имено, белградската „скандал дама“ носеше такава модна комбинација која беше толку отворена во шлицот, што меѓуножјето постојано и беше на мегдан! А таму на виделина, во зависност од тоа како седи, стои или чекори, можеше да се види, ама баш се’! Од небесно сина боја тантела гаќичките на русокосата, до тоа што лежи во нив, па нејзиното величество – „гордоста“ на Карлеуша и испаѓаше и од левата и од десната страна на долната облека!
Како што е редот, фотографите и папараците секогаш знаат да се најдат на вистинското место. До душа, овој пат и навистина беа сместени таму каде што (не)треба, околу пистата која води на сцена, која беше доволно повисока за кадрите од „п(т)ичја перспектива“ да бидат доволно јасни… и „сочни“! Како овие на Карлеуша, на пример!
Дали Карлеуша е балканска, музичка, модна икона или само егзибиционистка која претерува во меракот да провоцира и покаже, што има таму долу, останува и понатаму дилема!?