Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни, информира УХМР.
Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе го промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег на планините и на некои повисоки места.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 14 до 20 степени.
Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, кога ќе дува засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Претпладне во среда ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер особено вдолж Повардарието, што ќе предизвика дополнителен пад на дневната температура.
Од четврток следува период на сончево и топло време со значителен пораст на дневната температура.