Мистериозна жена во црно за која зборува цела Америка

Мистериозна жена во црано, која сама пешачи низ САД, го привлекла вниманието на тамошната јавност.Облечена  во црно од глава до пети, во облека која потсетува на традиционалната исламска облека, влече црна количка, повлечена е и ја изодела половина Америка, пишува Дејли Мил. Се верува дека изодела неверојатни 850 километри од Охајо до Џорџија.
Никој не знае зошто оди, но се шират претпоставки дека позади се стои религијата.
„Никој не ја знае нејзината приказна. Таа не сака да разговара со никој“, вели Алехандра Шуберт, која ја видела мистериозната жена во Тенесија.
Полицијата во таа сојузна држава била преплавена со повици од граѓаните па мистериозната жена била повикана на разговор. Им кажала дека се вика Елизабет Полес, дека има 56 години и дека работи во Пентагон, во што полицијата не поверувала.
На Јутуб се појавила снимка на која на паркинг од трговски центар се замерува со еден маж околу верата. Мистеријата добила толкави размери што е отворена посебна страна на Фејсбук на која граѓаните  објавуваат фотографии и локации на кои ја виделе жената во црно, која и понатаму шета низ АмерикаОблечена  во црно од глава до пети, во облека која потсетува на традиционалната исламска облека, влече црна количка, повлечена е и ја изодела

Пронајдете не на следниве мрежи: