Путин: Трагедијата за урнатиот авион ја користат за платени политички цели

Претседателот на Русија, Владимир Путин, апелираше до спротивставените страни да обезбедат услови за целосна истрага за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“, на истокот на Украина.„Со сигурност може да се рече дека оваа трагедија не би се случила на 28 јуни, доколку не започнаа борбените активности на истокот на Украина“, истакна Путин.
Тој додаде дека никој нема право да ја користи оваа трагедија за постигнување на „платени политички цели“, се наведува во соопштението од Кремљ.
Сите оние кои се одговорни за ситуацијата на истокот на Украина, треба да ја признаат одговорноста пред сопствениот народ, но и пред народите од земјите чии државјани ги загубиле животите во падот на летот МН17, рече Путин.
Путин исто така додаде дека и официјална Москва од своја страна ќе направи се што е во нејзина корист за да се дојде до фазата на преговори со Украина, со помош на мировни и исклучиво дипломатски средства.„Со сигурност може да се рече дека оваа трагедија не би се случила на 28 јуни, доколку не започнаа борбените активности на истокот на Украина

Пронајдете не на следниве мрежи: