Најновите апсења се случиле минатата недела, кога биле приведени 13 осомничени.Официјалните претставници од Паркот Дизни, нагласиле дека имаат 70.000 вработени и дека уапсените претставуваат само 0,01 процент.
Истрагата ги опфатила и продавачите на карти, домарите, водичите, како и ноќниот чувар кој бил фатен како гледа порно содржина со деца.
Меѓутоа, од полицијата предупредуваат дека педофилите имале очигледна причина да работат во детскиот центар, барајќи од вработените да поминат детектор за лага.
Тие го истакнале случајот со Роберт Кингсолвер (50) кој работел како техничка поддршка, а бил уапсен во февруари. Тој бил обвинет дека се обидел да се најде со 14-годишно девојче, но се бранел со тоа што тврдел дека сакал да ја заштити, а не да ја повреди.
Продавачот на карти, Спенсер, бил фатен како преку една социјална мрежа договарал состанок со 13-годишно момче, зад чиј профил всушност се криел детектив. Спенсер испраќал пораки со сексуална содржина, наговарајќи го на орален секс.
Домарот Ален Трестер (40) исто така наседнал на лажниот профил на детективот и мислејќи дека станува збор за малолетен тинејџер, тој тргнал да се најде со него, признавајќеи дека се надевал дека ќе имаат сексуален однос.
Тимоти Лукас (26), бил уапсен пред две недели додека испраќал фотографии од својот пенис на детективот за кој мислел дека е 13-годишно девојче.
Од 2006 година уапсени се 42 вработени, додека 32 од нив се осудени, на осуммина од нив им се суди во моментов, а двајца допрва чекаат судење.Официјалните претставници од Паркот Дизни, нагласиле дека имаат 70.000 вработени и дека уапсените претставуваат само 0,01 процент.
Истрагат



