ОН побара итен прекин на оганот во Газа

Советот за безбедност на ОН побара прекин на огнот во израелско-палестинскиот конфликт кој е концентриран на Газа.Во декларацијата усвоена од сите 15 членки се бара деескалирање на насилството, враќање на мирот и продолжување на директните преговори меѓу Израел и Палестинците со цел постигнување сеопфатен мировен договор врз основа на решение за постоење на две држави.
Во документот се изразува загриженост поради кризата поврзана за Газа и за заштита на животите и имотите на цивилите од двете страни. Покрај тоа, СБ на ОН бара почитување на меѓународните хуманитарни закони, вклучувајќи и заштита на цивилите.
Денешната резолуција не е законски обврзувачка за двете страни во конфликтот, но го одразува мислењето на претставниците на меѓународната заедница и е прв одговор на СБ на ОН, кој инаку нема единствен став кон израелско-палестинскиот судир.
 Во декларацијата усвоена од сите 15 членки се бара деескалирање на насилството, враќање на мирот и продолжување на директните прего

Пронајдете не на следниве мрежи: