САД донесоа нуклеарно оружје во Британија, Русија се подготвува за одбрана

Три тешки бомбардери В-52, на 4 јуни пристигнаа во британската база Ферфорд, во близина на Лондон. Американците одбија да кажат дали на авионите од кои може да се бомбардира на висина од 15.000 до 20.000 метри, може да се закачи и нуклеарно оружје, но тоа го потврди француската разузнавачка служба.„Тоа е она што војниците го нарекуваат гестикулација, но овојпат со атомско оружје“, пишува еден француски лист и додава дека „Белата Куќа има други планови“, прецизирајќи дека Обама доби милијарда долари од Конгресот за да распореди дополнителни воени сили во централна и источна Европа. Овие пари ќе бидат употребени и за јакнење на военото присуство во Црното Море и во Балтичкото Море, јужно и северно од Русија. Затоа Украина ужива во посебен третман.
Чак Хејгел, шефот на Пентагон, му се доверил на францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дријан, дека мала група американски војници наскоро ќе пристигнат во Киев. Нивната мисија ќе биде да работат на методи за развој на одбрана на земјата.
Тоа е само првата фаза, му објаснил Хејгел на францускиот министер, бидејќи САД планираат да организираат поддршка во вид на обука, усовршување и помош на украинските воени сили и граничарите.
Како што наведува францускиот лист, американските сили се многу барани во државите од источна и централна Европа, на прво место во Полска, балтичките земји, Бугарија, Хрватска, Чешка, Словачка, Унгарија, Молдавија и Романија.
Русија се подготвува за одбрана од нуклеарен напад
Припадниците на руската воздушна одбрана во Калининград инсталирале анти-ракетен комплекс Ѕ-300, кој е способен да ги уништи непријателските проектили, на било која висина. Ова беше направено во рамките на воените вежби кои се одвиваат на западната граница на Русија, соопшти руското Министерство за одбрана.
За потсетување, руската воена вежба кај Калининград (најзападната точка на Русија), истовремено се одвива со меѓународните маневри во Прибалтикот, кои ги спроведуваат воените сили на НАТО.„Тоа е она што војниците го нарекуваат гестикулација, но овојпат со атомско оружје“, пишува еден француски лист и додава дека „Бе

Пронајдете не на следниве мрежи: