Тригодишно девојче почина затоа што татко и ја заборавил во автомобил!

Тригодишно девојче од Рибник на југот на Полска е жртва на високите темпаратури откако татко и ја оставил во кола, заборавајќи да ја однесе во градинка и заминал на работа.- Девојчето не ги преживеало пеколните жештини кои настанале во херметички затворениот автомобил. Во возилото е можно да имало тeмпература од 70 степени Целзиусови, а смртта настапува уште на 41,5 степени, информираше портпаролката на полицијата Александра Новарова.
Таа додаде дека автомобилот цел ден бил паркиран на сончево место и детето внатре, за жал, никој не го забележал.

 
Обвинителството и полицијата го испитуваат случајот, но не можат да го сослушаат таткото поради негов психички колапс.
Полската телевизија ТВН24 информираше дека вчера на жешкото време уште неколку родители ги заборавиле своите деца во автомобил, но не дошло до трагични последици бидејќи децата биле забележани од други возачи кои ги пријавиле случаите.- Девојчето не ги преживеало пеколните жештини кои настанале во херметички затворениот автомобил. Во возилото е можно да имало тeмп

Пронајдете не на следниве мрежи: