Не ги интересира што мисли светот: Јапонците продолжуваат да ги ловат китовите „бидејќи тоа им е традиција“?!

Јапонскиот премиер Шинзо Абе вчера изјави дека Јапонија повторно ќе го покрене ловењето на китови и покрај забраната за лов на Антарктикот која беше издадена од страна на Меѓународниот кривичен суд.„Мојата цел е да го продолжам ловењето на китови за комерцијални цели, како и за научните истражувања за нив“, изјави Абе и додаде дека ќе го претстави ставот на неговата држава кај меѓународната заедница, бидејќи традицијата на Јапонија е да ги лови и јаде китовите.
Иако се тврди дека ловењето на китови е за научни цели, Јапонија не крие дека голем дел од китовите на крајот завршуваат во рестораните. Меѓународната комисија за лов на китови (IWC) го забрани комерцијалното ловење на китовите, но земјите како што се: Јапонија, Норвешка и Исланд, ги ловат овие животни под разни изговори, користејќи ги дупките во прописите.
Сезоната на лов на киотви трае од 1 април до 30 септември.„Мојата цел е да го продолжам ловењето на китови за комерцијални цели, како и за научните истражувања за нив“, изјави Абе и додаде дека

Пронајдете не на следниве мрежи: