Судбината на „синиот ангел“ конечно е решена!

Старателството над русокосото девојче Марија (5), која минатата есен го привлече вниманието на светската јавност кога беше пронајдена во една ромска населба кај брачен пар со кој не е во сродство, конечно и припадна на грчката хуманитарна организација „Насмевка на детето“.Марија до своето полнолетство ќе има сигурен дом, а постои можност некој да ја посвои.
„Нам ни е овозможено понатаму да и пружаме се што и` е потребно за нејзино добро, како и на другите деца за кои исто така се грижиме“, изјави Панагиотис Пардалис, кој работи во ова здружение.
Откако е ставена под старателство на Грција, Марија живее најмалку со уште 20 деца кои зборуваат грчки и ромски. Во октомври би требало да тргне во забавиште.
„Многу сака да си игра, како и секое дете. Доста е отворена“, додаде Пардалис.
Русокосото девојче беше пронајдено кога полицијата изврши рација во ромската населба во близина на градот Фарсал.

Иако двојката кај која беше најдено девојчето тврдеше дека се нејзини родители, обвинителите беа сомнителни поради разликата во бојата на тенот и косата. Двојката била со темен тен и коса, додека девојчето има бел тен и руса коса.
Приказната ја потврди и нејзината биолошка мајка која полицијата ја има пронајдено во една ромска населба во Бугарија. Таа ќе може да го посетува девојчето само со дозвола од судот.Марија до своето полнолетство ќе има сигурен дом, а постои можност некој да ја посвои.
„Нам ни е овозможено понатаму да и пружаме се

Пронајдете не на следниве мрежи: