НАТО го зајакнува влијанието на руската граница, кризата во Украина не стивнува!

Земјите-членки на НАТО се сложија дека треба да го зајакнат своето влијание на руската граница, како одговор на случувањата во Украина.„Ќе ги зајакнеме воздушните и поморските патроли, од Балтичкото па се` до Црното Море. Правиме план за долгорочно зголемување на капацитетот преку поинтензивни тренинзи и разузнавачки активности“, изјави генералниот секретар Андерс Фог Расмусен, по првиот ден од министерскиот совет во Брисел.
Расмусен рече дека се подготвуваат и долгорочни мерки, со цел да се зголеми нивото на борбена готовност. Тој им се заблагодари на САД за одвоените средства во износ од една милијарда долари, кои Барак Обама вчера им ги вети на земјите-членки на НАТО, со цел за зајакнување на борбената готовност. На состанокот беше постигнат и договор НАТО да и помогне на Украина во реформацијата и унапредувањето на нејзините одбранбени сили.„Ќе ги зајакнеме воздушните и поморските патроли, од Балтичкото па се` до Црното Море. Правиме план за долгорочно зголемување на капацитетот

Пронајдете не на следниве мрежи: