Нови жртви во борбите на истокот на Украина

Во нападите од страна на украинските сили на Славјанск кои се случија утрово, загина еден цивил, додека тројца припадници на проруските сили загинаа во селото Јаснохирк, во предградието на Краматорск.Украинската војска и утрово продолжи да го гранатира Славјанск, а над градот се забележани и украински борбени авиони, пренесе агенцијата Итар-Тас.
Покрај Славјанск, борбите во текот на изминатата вечер се одвиваа и десетина километри подалеку во Краматорск, посебно во околината на локалниот аеродром.
Според најновите извештаи, тројца припадници на проруските сили загинаа во селото Јаснохирк, во предградието на Краматорск, бидејќи украинската војска со граната го погоди автомобилот во кој се наоѓаа жртвите, наведува Итар-Тас. Украинската војска и утрово продолжи да го гранатира Славјанск, а над градот се забележани и украински борбени авиони, пренесе агенцијата Итар-Тас.

Пронајдете не на следниве мрежи: