Милер: Европската комисија не може да ја сопре изградбата на Јужниот тек

Во декември 2015 година, Бугарија ќе почне да добива гас преку Јужниот тек. Европската комисија не може да ја сопре реализацијата на тој проект – изјави шефот на Гаспром, Алексеј Милер.„Брисел не може да ја сопре изградбата на тој гасовод. Нам никој не може да ни забрани да градиме! Затоа во цевките кои се положени на дното од Црното Море наредните години ќе протечат првите количества гас во Бугарија, а тоа значи и во ЕУ“, нагласи Милер.
Притоа потврди дека Грција се обрати кон Гаспром, со молба да добие свој дел од Јужниот тек.
Грција се огласи – што е посебно индикативно, веднаш по јавното предупредување од Жозе Мануел Барозо кое беше упатено до бугарскиот премиер Пламен Орешански, дека не смее да влегува во проект со гасоводот, бидејќи со тоа не ги почитува правилата на ЕУ.
Тоа се случи само 15 часа по објавувањето на победникот на тендерот за изградба на гасовод преку територијата на Бугарија, кој се одржа во Софија.
Кон средината на мај, компанијата South Stream Transport B. V., која е оператор на морскиот дел од Јужниот тек, објави дека ги склопи сите потребни договори и дека изградбата може да започне оваа есен.„Брисел не може да ја сопре изградбата на тој гасовод. Нам никој не може да ни забрани да градиме! Затоа во цевките кои се положени на дното

Пронајдете не на следниве мрежи: