Војната во Донецк и понатаму беснее, 60 загинати

Украинците и понатаму продолжуваат да го гранатираат Славјанск и неговата приградска населба Семјоновк.Ранети се пет цивили, но засега нема поместување на „линијата на фронтот“. Секој си ја држи својата страна.
Меѓутоа, Славјанск се подготвува за нови борби и напади од страна на украинските воено-полициски сили. Поради тоа, од Централната градска болница се евакуирани сите пациенти и пренесени се во болницата во местото Николајевка (18 километри североисточно од Славјанск). На овој начин се ослободени места за повредените, чиј број постојано се зголемува во редовите на бранителите на градот, како и меѓу неговото население.
Во Донецк и неговата околина не се водеа поголеми борби, но имаше многу жртви.
Украинците повторно го контролираат аеродромот на Донецк (и понатаму е затворен). Тие убија шест лица кои се обидуваа да ги соберат телата на загинатите во изминатите четири дена. Тројца го загубија животот кога Украинците отворија оган врз брзата помош – со ознака за Црвен крст, со која се обидоа да дојдат до некои тела.
Оние што се обидуваат да ги соберат мртвите, воглавно завршуваат како мета на украинските снајперисти.
Премиерот на Република Донецк, Александар Бородај, изјави дека во борбите за аеродромот ДНР имаше 60 загинати, а дека конечниот број не може да се утврди поради тоа што Украинците не дозволуваат да се соберат сите тела и поради тоа што не се знае точниот број на жртви помеѓу цивилите.Ранети се пет цивили, но засега нема поместување на „линијата на фронтот“. Секој си ја држи својата страна.
Меѓутоа, Славјанск

Пронајдете не на следниве мрежи: