170.000 полицајци ќе се грижат за безбедноста на Мундијалот!

Бразил oд 12 јуни ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал, а за безбедноста ќе се грижат околу 170.000 полицајци. Во оваа бројка се вклучени и дел од приватното обезбедување, како и федерални агенти…Незадоволни од социјалната политика и трошоците за Мундијалот, во бразилските градови имаше бројни демонстрации пред шампионатот, а се очекуваат и за време на одржувањето на првенството.
Претседателката на Бразил Дилма Русеф побара од војската да ги засили полициските сили во хотелите и во тренинг камповите на репрезентациите.  Исто така преземени се големи мерки за безбедност (видео камери и метал – детектори) на стадионите.
Домаќинот очекува околу десет илјади навивачи од „соседството“ од Аргентина, а познато е дека најекстремните од нив правеа немири на Светските првенства во Мексико (1986 година), во Франција (1998) и во Јужна Африка (2010).
Владата на Аргентина испрати листа на потенцијални бунтовници, но во Бразил проценуваат дека тешко ќе успеат сите да ги стават под контрола.Незадоволни од социјалната политика и трошоците за Мундијалот, во бразилските градови имаше бројни демонстрации пред шампионатот, а се очекуваат и

Пронајдете не на следниве мрежи: