Младите масовно не користат кондом

Младите се свесни дека треба да користат кондом секој пат, но кога моментот ќе настапи, ова правило премногу често се игнорираат.
Двегодишното глобално истражување на Durex докажува дека многу млади не се загрижени за последиците од сексот без заштитни средства и / или не се сигурни доволно за да инсистираат да користат кондом, што значи дека тие често преземаат ризици, кои се свесни дека не смеат да ги преземат.
Популарното верување дека “тоа нема да се случи токму на мене” во комбинација со недостаток на свест за инфекциите, сексуално преносливи, и несаканата бременост го негува развојот на т.н. “култура на неодговорноста”.


Фактите се индикативни: 40% од сексуално активните на возраст меѓу 16 и 24 години признаваат дека имале секс со повеќе од еден партнер без кондом, а 61% даваат потврден одговор дека обично не размислуваат за кондом до моментот во кој тој ќе им затреба. Иако често ризикуваат, само 14% од испитаниците признаваат дека сексуално преносливите инфекции се нивната основна грижа. Помалку од четвртина споделуваат дека најголемата загриженост од незаштитен секс е несаканата бременост.
Статистиките од одговорите на испитаниците покажува какви се размерите на бариерите за безбеден секс. Речиси половина (48%) од испитаниците сметаат дека никој од нивните пријателски кругови не би се заразил со ХИВ и СИДА.
“Минатата недела имав секс со некого без да користам кондом. Отидов во болница, зедов пилула и проблемот беше решен. Истото е како да имаш настинка“, вели еден од испитаниците. “Мислам дека ХИВ-от е поврзан со генерациите. Нашата генерација не мисли за ХИВ“, е мислењето на друг дел од учесниците во студијата.
“Безбеден секс треба да биде одговорност и на двајцата партнери, но она што го научивме од многу млади мажи за време на нашето истражување беше дека жените имаат клучна улога – се случува она што тие го сакаат. Младите жени велат дека без разлика дека се свесни дека треба да инсистираат нивниот партнер да користи кондом редовно, во многу случаи двојката не користи кондом од ред причини. Еден од најчестите аргументи е дека ако тие инсистираат нивниот партнер да користи кондом, тоа би го оттргнало. Овој страв од отфрлање или убивање на расположението е главната пречка за многу млади жени, но ние откривме дека во повеќето случаи тоа воопшто не соодветствува на реалноста. Всушност е точно спротивното“, коментира Марк Пирсон, регионалнен бренд директор на Durex.
Дополнителна статистика:
– 34% од момчињата преферираат да имаат секс без кондом, обидувајќи се да се извлечат без да го користат
– 15% Од анкетираните девојки велат дека носат кондом секогаш кога излегуваат
– Тројца од четворица испитаници признаваат дека во одреден степен се срамат да зборуваат за секс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.