Пожар избувна изутрина во зграда на кеј „Димитар Влахов“ во центарот на Скопје, поранешен објект на Комерцијална банка, во делот каде сега се сместени државни институции. За среќа, во зградата неало никој, па нема повредени.
Станува збор за зградата на поранешниот Секретеријат за Европски прашања, каде сега се сместени државни институции и Македонската информативна агенција.
Како што информираше командантот на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје,Владимир Симоновски, пожарот бил пријавен во 6.50 часот.
-Зафатен беше само првиот кат од зградата каде што е сместен Државниот инспекторат за животна средина. Во тој момент немаше никој, бидејќи со работа почнуваат во 8.30 часот. Пожарот беше локализиран во 8.45 часот-изјави Симоновски.
Тој истакна дека во гаснењето на пожарот биле ангажиарни 24 пожарникари и 9 возила.
Како што потенцираше Симоновски во моментов се работи на расчистување на просторот за случајно да не дојде до повторно распламтување на огнот.
Според Симоновски, причината за избувнување на пожарот најверојатно е електричната инсталација.
Пронајдете не на следниве мрежи:



