Познатата американска инфлуенсерка, Алексис Шаркеј (26) почина, а нејзиното безживотно тело е пронајде по пет дена потрага, во Хјустон, Тексас.
Последен пат ја виделе нејзините родители пред Денот на благодарноста (26 ноември), додека тие ја пријавиле како исчезната во петокот, на 27 ноември. Иако извештајот за точната причина за смртта сè уште се чека, според странските медиуми, 26-годишната девојка немала облека на телото кога била пронајдена, а нејзината мајка Стејси за медиумите изјавила дека верува дека нејзината ќерка е убиена.
„Со скршено срце, јас и Мајк сакаме да ве известиме сите вас, дека телото на Алексис е пронајдено“, напиша мајката на трагично починатата инфлуенсерка на својот Фејсбук профил.
„Не можеме доволно да им се заблагодариме на сите за љубовта и љубезните зборови што ги испратија до нашето семејство“, вели Стејси, која последен пат ја видела својата ќерка пред Денот на благодарноста, а за нејзиното исчезнување била информирана од страна на 49-годишниот сопруг на починатата инфлуенсерка, кој исто така се прости од својата сакана сопруга, преку социјалните мрежи.
„Никогаш не сум видел или почувствувал таква убавина. Ти си мојот свет. Ти го направи мојот живот неверојатен, му даде значење на моето постоење. Ти ми покажа што значи искрено да се сака“, напиша 49-годишниот, Том Шаркеј.
Алексис беше многу популарна на социјалните мрежи, ја следеа нешто повеќе од 20 000 луѓе на Инстаграм, а многумина од нив се простија oд неа на сличен начин.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.