Балканот се уште тагува по нив: Легенди кои заминаа во 2020 година

Поминуваат и последните денови од 2020 година, која освен по коронавирусот, ќе се памети и по големиот број јавни личности од Балканот кои го загубија животот. Долга е листата на оние по кои целиот Балкан тагува.
Рајко Дујмиќ
Некогашниот член на групата Нови фосили почина на 4 август на 65 годишна возраст, неколку дена откако со автомобил слетал во провалија од 11 метри.
Мустафа Надаревиќ
На 22 ноември легендарниот актер почина по долга борба со ракот на белите дробови на 77 години. Во јануари ја изненади јавноста со искрено интервју во кое проговори за прв пат за својата болест.
Иван Бекјарев
Познатиот актер Иван Бекјарев, почина на 16 ноември на 75 годишна возраст како последница од коронавирус.
Џеј Рамадановски
Легендата на народната музика Џеј Рамадановски почина ненадејно на 56 годишна возраст на 6 декември откако во сон му застанало срцето. Во неговиот дом лекарска екипа се обидела да го реанимира, но не успеала.
Крунослав Кичо Слабинац
Пејачот Кичо Слабинац (76) почина на 13 ноември во болница во Загреб каде бил хоспитализиран три месеци.
Исидора Бјелица
Писателката почина на 5 август во домот на своите родители на 53 години. Таа го години храбро и со насмевка на лицето се бореше со карцином на јајниците, кој се смета за еден од најопасните видови рак.
Мирослав Миша Алексиќ
Последнот збогум оваа година љубителите на „Рибља чорба“ му кажаа на басистот на групата кој почина на 29 ноември од последици од коронавирусот. Тој почина на 68 годишна возраст, а неговото тело беше кремирано.
Тихомир Тика Арсиќ
Актерот почина на 64 години. Случајно, на детален преглед, дознал дека има рак на главата на панкреасот. Во тоа време се подготвувал за филмска улога на човек кој умира од рак, па размислувал дали прво да го сними филмот и да оди на операција или да се откаже од улогата поради здравјето.
Бојан Златановиќ Токан
Музиката остана и без тапанарот на „Амадеус Бенд“ кој на 45 годишна возраст ја загуби битката со коронавирус. Почина на 24 ноември.
Мирко Бабиќ
Актерот почина на 73 годишна возраст. Беше познат кај широката народна маса, особено кај оние кои ја гледаа серијата „Село гори, а баба се чешла“.
Борислав Бора Дрљача
Пејачот на народна музика на 11 октомври ја загуби битката со опасната болест. Бора имаше 80 години, а неколку пати беше хоспитаизиран и опериран.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.