Зошто е добро да јадеме кајсии

Богати со антиоксиданти: кајсиите во својот состав имаат голем број соединенија што имаат антиоксидативна улога во телото. Бета-каротин, лутеин, зеаксантин, како и витамините А, Ц, Е се дел од ваквите соединенија. Флавоноидите ѝ припаѓаат на ваквата група и се докажани како корисни при состојби како што се дијабетесот и срцевите заболувања.
Поздрав вид и очи: витамините А и Е присутни во кајсиите имаат клучна улога во одржувањето на здравиот вид. Дополнително, бета-каротинот, пигментот што им ја дава портокаловата боја на кајсиите, е прекурсор за создавање на витаминот А. Се верува дека антиоксидантите лутеин и зеаксантин го штитат окото, поточно мрежницата (ретина) од оксидативен стрес.
Подобра дигестија: кајсиите содржат растворливи и нерастворливи форми на растителни влакна. Во растворливи форми се вбројуваат пектините, гумите и полисахаридите, додека нерастворливи се целулозата, хемицелулозата и лигнинот.
Добар извор на калиум: калиумот е минерал што има улога во испраќањето на нервните сигнали и при регулација на мускулните контракции. Тој заедно со натриумот ја регулира рамнотежата на течноста во телото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.