Само 10 минути вежбање дневно може да спаси нечиј живот

Истражувањата за корисноста од вежбање и физичка активност се релативно млада област, па ни се чини како скоро секој ден да излегува некоја нова студија која сугерира дека треба да вежбаме за да бидеме поздрави.
Секојдневно сме бомбардирани со совети за вежбање, па не е ни чудно што некои се збунети и не знаат што е најдобро.
Ново истражување објавено од Националниот институт за рак и американските центри за контрола и превенција на болести во јануари, 2022 година понуди голема мотивација – работите да останат едноставни. Едноставноста е во тоа што всушност доволно е да вежбате 10 минути на ден.
Постојат многу студии кои се занимаваат со тоа дали додавањето половина час или повеќе време за вежбање дневно може да го смали ризикот од прерана смрт, но првата студија од овој вид за цел имаше да открие дали релативно скромните термини на вежбање дневно – дури и 10 минути, би можеле да им помогнат на возрасните да го продолжат животот.
Истражувачите истражувале податоци од 5.000 учесници вклучени во Национална анкета за здравје и исхрана. Особено се анализирани нивоата на физичка активност на луѓето постари од 40 години. важно е што активноста на вежбање на секој учесник е мерена со уред.
Во обѕир се земени и други фактори кои можат да влијаат на резултатите како телесна маса, употреба на алкохол, пушење цигари, раса и слично. Резултатите покажале дела само 10 минути умерени до поинтензивни вежби дневно може да имаат длабоки ефекти.
Всушност, 10 минути вежбање дневно може да спаси околу 110.000 животи годишно во САД. Тоа е скоро 7% намалување на бројот смртни случаи годишно.
20 минути умерена до интензивна физичка активност дневно би спречила 209.000 смртни случаи или 13% намалување годишно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.