сабота, 14 ноември 2026
Најново

Победата на Обама на Тајмс Сквер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Илјадници граѓани се собраа ноќеска на Тајмс Сквер во Њујорк за да го прослават реизборот на американскиот претседател Барак Обама, откако телевизиите претходно ја објавија неговата победа над републиканецот Мит Ромни.

Покрај трубењето од автомобилите, на скверот можеа да се слушнат и повиците „Обама, Обама“ и „Уште четири години“.
Дел од граѓаните велат дека со олеснување ја примиле веста за победата на Обама, бидејќи стравувале дека во случај на негов пораз би можеле да бидат скратени социјалните програми.
Сепак, не беа сите насобрани на Тајмс Сквер задоволни од победата на Обама.
Припадниците на движењето „Окупирај го Волстрит“, кое настана како одговор на алчноста на банкарите и финансиската криза предизвикана од берзански шпекулации, извикнуваа „Сакаме вистинска промена“, со што алудираа на слоганот на Обама „Промени“, со кој го доби првиот мандат.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Обама го победи Ромни

Обама ја доби довербата и од Скопје

Обама ја загуби предноста пред Ромни

 

Поврзани вести