Кој вид сирење е најздрав?

„Ако уживате во сирењето и го сакате, тоа може да биде значаен извор на протеини и калциум. Важно е да не претерувате, бидејќи може да вклучува големи количини на калории“, советува Лурдес Кастро Мортиљаро, регистрирана диететичарка и директорка на NYU Food Lab.
„Протеинот кој се наоѓа во сирењето е добра алтернатива на оние кои се добиваат од месо, бидејќи тој е исто така од животинско потекло и ги содржи сите есенцијални амино киселини кои му се потребни на телото, но не може сам да ги синтетизира“, вели Кастро Мортиљаро. „Тоа го прави сирењето целосен протеин“, додаде таа.
„Меѓутоа, како и со сите работи за исхраната, целокупната рамнотежа на она што го јадете од ден на ден треба да влијае на тоа колку сирење консумирате“, објасни Кастро Мортиларо.
„Морате да го погледнете во контекст на она што сè уште се случува во вашиот живот. Што друго ставате во вашата чинија?, вели таа. „Не ви треба премногу за да постигнете позитивни резултати.“

Кое сирење е најздраво? Одговорот зависи од спецификите на вашето тело и неговите нутритивни потреби, но еве неколку стручни совети.
Рикотата победи
И Кастро Мортиљаро и Емили Марторано, регистрирана диететичарка во програмата за управување со тежината на NYU Langone, се согласуваат дека рикотата е победник кога станува збор за здравјето.
Името на сирењето во превод значи „повторно зготвено“, а Кастро Мортиљаро објасни дека автентичната рикота се произведува со третирање на сурутка која останала по згрутчувањето на млекото (како овчо млеко) за да се направи сирење (како што е пекорино).
Рикота има висока концентрација на протеин од сурутка што лесно се апсорбира од телото. „Протеинот од сурутка е една од формите на протеин што најмногу се апсорбира и содржи многу широк опсег на амино киселини“, рече Марторано. „Значи, ова е најдобрата опција за некој кој сака да изгради мускули, сила, а во исто време да изгуби маснотии и тежина.
Тврдото сирење е одлично, но има „цака“
Кастро Мортиљаро верува дека поцврстите сирења како пармезан, пекорино или гауда се исто така меѓу најздравите опции, доколку се консумираат умерено. Бидејќи содржат помалку вода и се повеќе концентрирани, „тврдите сирења ќе имаат повеќе калциум и веројатно ќе се заситите со помали количини за да не консумирате премногу“, рече таа.
Меѓутоа, бидејќи се концентрирани, потврдите сирења може да имаат и поголема содржина на натриум од помеките. „Ако имате висок крвен притисок, треба да го контролирате внесот на натриум или можеби имате проблеми со бубрезите, веројатно би било подобро да изберете помеко сирење“, вели Кастро Мортиљаро.
Сирење кое е подобро да се избегнува
Ако е можно, држете се подалеку од обработени сирења, вклучително и конзервирано сирење, индивидуално завиткани парчиња и оние коцки што дури и не треба да се ладат. „Сирењето што може да се исцеди, американското сирење, дури и крем сирењето, обезбедуваат минимален протеин за многу поголема содржина на масти и натриум“, рече Марторано.
„Свежото е секогаш подобро, а умереноста е клучна“, вели Марторано.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.