ИНЦИДЕНТ НА ПРОСЛАВАТА НА МИЛАН – украден златниот медал на Пиоли, моли да му биде вратен бидејќи нема друг

На тренерот на Милан, Стефано Пиоли му го украдоа златниот медал добиен за освоената шампионска титула во Серија А. Инцидентот се случил на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија каде Милан вчера го победи Сасуоло и стигна до Скудетото.
– Ми го украдоа шампионскиот медал. Некој ми го скина од вратот. Молам да го вратат, ќе бидам благодарен ако го сторат тоа. Немам друг, апелира Пиоли.
Милан стана шампион за прв пат по 11 години. Последен пат клубот ја освои Серија А во сезоната 2010/11.
За селекторот Стефано Пиоли ова е прв трофеј во неговата тренерска кариера. Педест и шестгодишниот фудбалски стручњак е на чело на Милан од 2019 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.