Видео: Пикси сеуште ја има фудбалската магија

 
 
 
 
Јапонска Нагоја одигра пријателски натпревар со англискиот премиерлигаш Арсенал, тимот на Венгер славеше со 1-3, но, еден момент, една фудбалска магија на велемајсторот на фудбалската игра Драган Стојковиќ, за момент донесе воодушевување од публиката.

Арсенал на азиската турнеја се сретна и со тимот кој го предводи Драган Стојковиќ, популарниот „Пикси“. Токму од екипата на Нагоја, Арсен Венгер премина во тимот на Арсенал, па французинот имаше огромни овации од „Тојота“ арената каде фановите на Нагоја му упатија голема поддршка на францускиот стратег.
Погледнете како умее Пикси со фудбалската топка, сеуште ја има фудбалската магија во себе.

И, да, да не заборавиме на неговиот потег што до ден денес е вистински хит од погодок, среќно или не, тоа не е важно, важно е дека ова е потег што ретко се случува.
 
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: