Реал испрати понуда за Пирло

Новиот тренер на екипата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е сериозен во својата намера да го ангажира во своите редови Андреа Пирло.
Според информациите кои ги пласираа во јавноста италијанските медиуми, се шпекулира дека наводно понудата од Реал Мадрид гласи 8 милиони евра, а истата може во наредниот период да се зголеми, со оглед на фактот што овој тим е подготвен и на таа варијанта.
Сепак, од друга страна се шпекулира дека Антонио Конте, тренерот на Јувентус, нема намера да се откаже од услугите на Пирло, во кого гледа столб во средниот ред на италијанскиот шампион.
Можно е Реал Мадрид во понудата да го вметне и Ди Мариа, што целосно ќе го смени мислењето на екипата на Јувентус.Новиот тренер на екипата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е сериозен во својата намера да го ангажира во своите редови

Пронајдете не на следниве мрежи: