Тоалетна хартија – евтино решение за лошиот мирис во плакарот

Сигурно ви се случило чистата облека која сте ја ставиле во плакарот по само неколку дена да го загуби својот мирис и да почне непријатно да мириса.

Тој специфичен мирис често се јавува поради неискористени материјали скриени внатре – неносена облека, постелнина, пешкири и сѐ останато по кое ретко посегнувате. Сѐ затоа што во орманите недостасува правилен проток на воздух и со тек на време се појавува упорен проблем дури и кај најчистите ентериери.
Пред оваа метода да ја оквалификувате како апсурдна, дајте ѝ шанса. Ставете ролна миризлива тоалетна хартија во плакарот и ќе имате ефект како да користите освежувач на воздухот, а притоа и многу ќе заштедите. Најдобро е ролната да ја ставите на онаа полица (или фиока) каде чувате слабо користена гардероба. Ако не ви се допаѓа миризот на парфимираната тоалетна хартија, можете сами да го направите. Сѐ што ќе треба да направите е да купите тоалетна хартија без мирис и ролната да ја напрскате со етерично масло.

За трајно да се решите од овој проблем, не заборавајте да го спречите неговото повторно појавување. Затоа, еднаш на неколку дена проветрувајте ги плакарите. Најдобро е да комбинирате со проветрување на целиот дом. На секои неколку месеци извадете ја облеката која не ја носите и проперете ја.
Благодарение на овој трик вашата облека секогаш убаво ќе мириса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.