ЛОКАЛНИ ЖИТЕЛИ УБИЛЕ АЈКУЛА: Тоа што го нашле во нејзиниот стомак ги стаписало

Шкотскиот турист кој исчезна на островот Реунион, кој се наоѓа на средината на Индискиот Океан, источно од Мадагаскар, најверојатно бил изеден од ајкула.

Шкотланѓанец бил на одмор со сопругата, а тој ден заедно заминале на плажа. Тој влегол да плива, но долго време не се вратил, па сопругата веднаш ја алармирала полицијата. По него е започната потрага, но не е пронајден. Целото подрачје го пребаруваа нуркачи, а брегот кучиња трагачи. Немаше трага од човекот се додека локалните жители не убиле ајкула која пливала во близина на плажата и им се заканувала на туристите. Направена е обдукција на ајкулата, а во цревата била пронајдена човечка рака со венчален прстен на исчезнатиот британски турист.

Неговата сопруга во полиција изјавила дека 44-годишниот е многу добар пливач и дека не го видела како излегува од океанот, пишува Дејли Мејл. Полицијата сепак не ја исклучува можноста мажот да се удавил и неговото тело да привлекувало опасни риби.

Станува збор за тигреста ајкула, која по големата бела е најчеста ајкула која ги напаѓа луѓето. Нападите на ајкули не се ретки на островот Реунион, па тоа дава уште поголем простор за сомнеж дека Шкотот бил убиен од една од ајкулите кои се усмртени од страна на локалните жители.

Пронајдете не на следниве мрежи: