Каде Кристијано Роналдо ќе ја продолжи кариерата, откако раскрсти пред СП во Манчестер јунајтед останува дилема, зашто освен засега многу богати понуди од Саудиска Арабија и Катар нема на негова адреса, а португалскиот ас има желба да игра во Европа и тоа во Лигата на шампионите.
Но, очигледно ниту еден клуб не е заинтересиран, или расположен да го ангажира, најмногу и поради преголемата плата за безмалку „пензионер“, колку и Роналдо да е неверојатен играч и да има уште многу да покажува. Последна информација е дека бил понуден на германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт, ама и тие ја одбиле опцијата.
„Роналдо ни се нудеше и нам“, објави Аксел Хелман, директорот на Ајнтрахт.