Премиерлигашки рекорд за Робертсон, историски момент за Бајчетиќ и Салах (ФОТО)

Левиот бек на англискиот гигант Ливерпул, Енди Робертсон се запиша во историјата на англиската Премиерлига, како најдобар асистент меѓу дефанзивците откако вечерва дојде до својата 54-та асистенција за голот на Мохамед Салах за водство во триумфот на Ливерпул над Астон Вила со 3-1.

Робертсон на Салах му асистираше во петтата минута и за него ова беше 54-та асистенција, надминувајќи го легендарниот Лејтон Бејнс кој досега беше рекордер со 53 асистенции меѓу дефанзивците во англиската елита.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.