НИКАКО НЕ ПРАВЕТЕ ГИ ОВИЕ РАБОТИ УТРЕ! Следете ги СТАРИТЕ ВЕРУВАЊА кои ќе ви донесат СРЕЌА И МИР

Без разлика дали се сметате за суеверна личност, некои мали правила и ритуали се пренесуваат од година во година, така што на одреден начин станале дел од нашата култура. Можете да ги следите или не, во секој случај, забавно е да знаете дека некои од суеверија се директно поврзани со влегувањето во новата година.

НИКАКО НЕ ПРАВЕТЕ ГИ ОВИЕ РАБОТИ УТРЕ! Следете ги СТАРИТЕ ВЕРУВАЊА кои ќе ви донесат СРЕЌА И МИР

Следниве се најчестите верувања кога станува збор за правилата на однесување кои важат за денот пред нова година, како и први јануари, а за кои се верува дека ќе донесат среќа во наредната година.

Новогодишна вечера

Кога станува збор за празничната трпеза, според верувањата на некои култури, ако подготвувате јадење со месо, пожелно е тоа да биде месо од животни кои немаат крилја (затоа нема пилешко и мисирка). Според одредени популарни верувања, вие се грижите да остане просперитетот во вашата куќа, односно среќата да не „одлета“ од вашата трпеза.

Работна година

Направете некоја симболична работа на првиот ден од Новата година, иако е празник. Ако сте добиле календар на подарок, запишете го датумот, неколку зборови… Размислете за работата барем неколку минути тој ден.

Според верувањето, овој чин симболизира дека во текот на наредната година ќе имате доволно работа и дека тоа ќе го правите со волја.

Бакнежи за среќа

Задолжително споделувајте бакнежи со саканите на полноќ. Ова се смета за потврда дека вашата љубов и блискост ќе продолжат и во наредната година.

Односите со другите

Слично на обичајот што важи за Божиќ, важно е и кој прв ќе влезе во вашиот дом по полноќ, односно на 1 јануари. Ова е важно бидејќи се верува дека оваа личност ќе има значително влијание врз вашиот живот во наредната година.

Пари

На самиот почеток на годината избегнувајте да позајмувате пари. Симболиката е јасна – укажува дека во текот на годината ќе имате материјални проблеми, односно нема да имате доволно пари.

Ова верување секако не се совпаѓа со вашата досегашна практика, а тоа е дека на 1-ви јануари ништо не треба да се вади од дома. Иако сите сакаме да разменуваме колачи, разни слатки и јадења кои сме ги подготвиле за новогодишната ноќ, сепак, според ова верување, тоа не треба да се прави. Почестете ги сите ваши гости, тоа секако е добар знак, но кога ги посетувате другите, не носете ништо од храната. За тоа почекајте го 2 јануари.

Здравјето на членовите на домаќинството

Во некои култури, перењето алишта на 1 јануари е неприфатливо. Имено, се смета дека миењето што било треба да се сведе на минимум, бидејќи тоа може лошо да се одрази на здравјето на домаќинството во наредната година.

Исто така, обидете се да бидете внимателни со садовите и воопшто со нештата што се кршат, бидејќи кршењето работи се смета за лоша среќа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.