Бахмут се држи, условите се многу тешки! Зеленски: Украинската армија успешно ги одби руските напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската армија ги одбива руските напади во градот Бахмут во источниот дел на регионот Донбас и ги задржува своите позиции во блискиот град Соледар, но во многу тешки услови.

– ,Бахмут се држи и покрај сè”. Иако поголемиот дел од градот е уништен во руските напади, нашите војници одбиваат постојани руски обиди за напредување” – рече Зеленски.

Тој посочи дека Соледар држи, иако има уште поголеми разурнувања, додавајќи дека ситуацијата е многу тешка.

Пронајдете не на следниве мрежи: