Њукасл го запиша четвртото реми на последните пет натпревари во Премиерлигата и влезе во мала резултатска криза, а последен кој остана непоразен на „Сент Џејмс Парк“ е Вест хем.
Вилок погоди уште во првата минута за Њукасл, но голот беше поништен по асистенција на ВАР-технологијата. Сепак, две минути подоцна Вилсон ја затресе мрежата на „чеканите“ за водство од 1-0.
Вест хем немаше што да изгуби по примениот гол, по што тргна похрабро во нападот, а тоа резултираше со погодок на Пакета (1-1).
Њукасл ќе остане на четвртата позиција со 40 бодови, додека Вест Хем е на 16. место со 19 бода.