Директорот на ПСЖ, Луис Кампос го впери прстото кон Челси за пропаднатиот трансфер на Хаким Зијеш во последните моменти од преодниот рок.
Челси и ПСЖ се договорија за позајмица на Зијеш, фудбалерот беше во Париз во просториите на францускиот клуб, но сините не ги пратија навреме документите и зделката пропадна.
Такви беа информациите на медиумите, а се чини дека тоа е вистината откако денеска Луис Кампос го обвини Челси за пропаднатиот трансфер.