Реал Мадрид е во финале, кралскиот клуб ќе се бори за светската круна

Реал Мадрид со убедливи 4-1 го совалда египетскиот клуб, Ал Ахли и се пласира во финалето на Светското клупско првенство каде ќе игра против Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Немаше изненадување во второто полуфинале на Светското клупско првенство, Реал Мадрид си ја оправда улогата на фаворит и рутински го совлада Ал Ахли.

Отпорот на египетскиот клуб траеше до 42. минута кога Винисиус Жуниор искористи една грешка на одбраната на противникот и со лоб ја смести топката во мрежата за водство од 1-0.

На самиот почеток од вториот дел, Валверде постигна гол за предност на Реал Мадрид и од 2-0.

Во 65. минута Ал Ахли се врати во игра, Малоул постигна гол од пенал и го намали водството на Реал Мадрид на 2-1.

Пронајдете не на следниве мрежи: