Имал понуди Јунајтед и Челси, но тој сакал да игра само за Барса, дури и бесплатно

Софијан Амрабат имаше маестрално Светско првенство по кое го привлече вниманието на гигантите, во јануари имаше неколку понуди, но на крајот остана во Фиорентина.

Манчестер јунајтед и Челси биле дел од клубовите кои во јануари испратиле понуда за Амрабат.

Но, фудбалерот сакал само трансфер во Барселона, дури се понудил да игра и бесплатно за каталонците само да игра за нив.

Барса е во финансиска криза, па Амрабат затоа се понудил да игра бесплатно, најважно му било да си ја исполни желбата.

Интерес имаше и од Барселона, но Фиорентина не сакаше да го даде. Мароканецот останува во Фиренца најмалку до крајот на оваа сезона.

Пронајдете не на следниве мрежи: