Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс во моментов игра на позајмица во Челси, каде што ќе остане до крајот на сезоната, а потоа треба да се врати во Атлетико Мадрид, освен ако премиерлигашот не реши да плати 140 милиони евра за неговите услуги.
„Мундо Депортиво“ објави дека откупната клаузула на младиот Португалец изнесува 140 милиони евра, па постои голема можност Челси да ја активира ако Феликс ги оправда очекувањата до крајот на сезоната.
Феликс пристигна во Мадрид во 2019 година за 126 милиони евра, а на 131 меч постигна 34 гола, меѓутоа не се вклопи најдобро во дефанзивниот систем на игра кој го користи тренерот Диего Симеоне.